Утрински Весник
Свет

Глувче во оброк предизвика вонредно слетување на лет од Осло до Малага

Avion .jpg

Авиокомпанијата Скандинавија Ерлајнс беше принудена да слета еден од своите летови поради бизарен инцидент – глувче што излегло од оброк на патник. Летот од Осло до Малага морал да се пренасочи и да слета во Копенхаген поради безбедносниот ризик што го претставувало глувчето, објави портпаролот на авиокомпанијата Ојштајн Шмит.

Глувчето скокнало од кутијата со храна на еден од патниците, што било забележано од жена која седела до него. Иако ситуацијата можела да биде стресна, патниците го прифатиле инцидентот со насмевка, изјави сведокот Јарле Борестад за Би-би-си.

Авионот бил заменет од превентивни причини, бидејќи глодарите претставуваат ризик за авиони, особено поради можноста да ги оштетат електричните инсталации. Патниците биле префрлени во Малага со друг авион. Според Шмит, вакви ситуации се ретки, но авиокомпанијата има воспоставено строги процедури за справување со нив.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме