Утрински Весник
Спорт

Арапите ќе вложат милијарда евра во Евролигата

46003 Shutterstock 1530004814 F.jpg

Сопственик на фудбалскиот клуб Њукасл, сака да инвестира и во кошарката, а според шпекулациите подготвени се да платат дури една милијарда евра за една третина од уделот во Евролигата.

Според кошаркарските медиуми во Европа, преговорите меѓу раководството на лигата и Арапите веќе се започнати, но за таа една третина од уделот има уште една компанија која е заинтересирана и во моментов тоа е најголемиот проблем за раководителите на Јавниот инвестициски фонд.

Се работи за БЦ партнерс од Велика Британија, компанија која е подготвена да ја плати истата сума како и арапскиот фонд, па раководството на Европлигата сега е на слатки маки кого да избере за партнер.

Можете да прочитате

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем