Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Работиме Штипската болница да биде изградена во најбрз рок

16092024 Mickoski.jpg
Dik 300x250 mk

„Јас мандатот го почнав пред неполни три месеци токму од пред штипската Клиничка болница и тогаш реков во овој мандат таа ќе биде завршена. Работиме на модел. Медицинско-техничко-економски модел којшто е во фаза на, би рекол, развој и очекувам дека до крајот на оваа година сето тоа ќе биде завршено и веќе од почетокот на следната ќе почнеме со градење на Болницата”, одговори претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешното новинарско прашање при посетата на Штип, во однос на изградбата на Клиничката болница и додаде:

„Проблемот е што пари нема. Парите ги украле или ги потрошиле за нешто што не требало. Требало за Болницата, но парите ги украле. За жал наследивме состојба таква каква што е, но тоа е што е, тука е, нѐ гласале граѓаните, да немаме оправдување, туку да работиме, да ја направиме работата подобра. Што е нашиот пристап? Нашиот пристап е да обезбедиме и финансирање, и допроектирање и опремување и изградба и пренос на објектот. Тоа во моментов Законот за јавни набавки не го дозволува. Ако е потребно ќе влеземе и чекор напред, ако треба мали нивелирања на Законот, само за да можеме да ги одглавиме многу проекти за коишто се почнати, парите се украдени и тие се сега споменици на едно време. Тоа правиме, иновираме, се трудиме да најдеме начин за сето ова го задвижиме и ќе успееме. Ќе успееме, јас сум оптимиста дека ќе успеам.”

Можете да прочитате

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!