Утрински Весник
Македонија

Во Охрид почнува 31. Балканска олимпијада по информатика

20240919160650 Big 730x400 13.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Охрид од денеска до 26 септември ќе се одржува 31. Балканска олимпијада по информатика (БОИ) што ја организира Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ).

Балканската олимпијада е натпревар во програмирање за средношколци од регионот на југоисточна Европа.

Годинава, на БОИ 2024 ќе има учесници од 15 земји – Северна Македонија, Србија, Албанија, Грција, Бугарија, Словенија, Молдавија, Романија, Босна и Херцеговина, Кипар, Турција, Црна Гора, Италија, Украина и Саудиска Арабија.

Според проф.

д-р Миле Јованов, претседател на ЗИМ, БОИ 2024 е натпревар меѓу новите генерации информатичари, но истовремено и платформа во чии рамки младите умови се здружуваат, се запознаваат со различни култури, се дружат, се вмрежуваат и разменуваат искуства од сферата на информатиката и иновациите.

Поддржувач и пријател на БОИ е „Сорсикс“ (Sorsix), една од водечките ИТ компании во земјава, која додели ваучери за платена пракса за осуммината македонски учесници. 

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ нуди козметички измени за спас на функционерите

Манасиевски: Филипче е должен да одговори колку пари има инвестирано во Дубаи за да добие златна виза

Пронајдени над 9.000 парчиња пиротехнички средства во Гостивар