Утрински Весник
Спорт

Унгарија се враќа на мапата на МОТО ГП шампионатот

Images 2 2.jpg

Мото ГП се враќа во Унгарија за прв пат од 1992 година, откако постигна договор патеката Балатон Парк да биде домаќин на трка од шампионатот од следната сезона, соопшти денеска промоторот на шампионатот Дорна.

По првата трка во Унгарија во 1990 година, проследена со втората во 1992 година, Мото ГП ќе се врати на унгарски терен во август 2025 година.

Патеката, која се наоѓа во близина на езерото Балатон, ќе биде реновирана за трката, а Светскиот шампионат во супербајк (ВорлдСБК), исто така, ќе одржи трка на оваа патека следната сезона.

Сезоната 2025 во Мото ГП шампионатот треба да стартува во март со Големата награда на Тајланд.

Можете да прочитате

Нов пораз на Е.Пелистер во Лигата на Шампионите

Пораз на стартот на Работнички во АБА 2 лигата

Дерик Роуз објави крај на кариерата