Утрински Весник
Магазин

Режисерот на „Паразит“ има нов филм: луѓето се воодушевени од првиот трејлер

Miki 7.jpg

„Ворнер Брос“ го објави првиот официјален трејлер за многу очекуваниот научно-фантастичен филм „Мики 17“. Трејлерот брзо стана вирален, со повеќе од 4 милиони прегледи на „Јутуб“ во моментот на пишувањето.

„Мики 17“ требаше да биде премиерно прикажан во март, но беше одложено до следната година бидејќи постпродукцијата на филмот не беше завршена.

Станува збор за најновиот филм на познатиот корејски режисер Бонг Џун-хо, кого повеќето луѓе го знаат по „Паразит“, филм кој освои четири Оскари и Златна палма во Кан. „Мики 17“ е адаптација на романот „Мики 7“ од Едвард Ештон.

Главната улога во претстојниот филм ја толкува Роберт Патинсон. Тој го прикажува Мики, вработен во компанија која се обидува да ја колонизира ледената планета Нифлхајм. Секој пат кога Мики умира, компанијата го клонира, а неговиот клон ги задржува повеќето негови спомени.

Заедно со Патинсон, во филмот играат и Стивен Јан, Наоми Еки, Тони Колет и Марк Рафало.

Љубителите на филмот кои едвај го чекаат новото дело на познатиот корејски режисер се воодушевени од трејлерот.

„Бонг Џун Хо е вистински визионер. Никогаш не мислев дека ова ќе биде толку смешно“, „Сега ми треба овој филм“, „Патинсон е веќе познат како еден од најдобрите актери на помладата генерација, а ова изгледа неверојатно“, „Едвај чекам“, се само некои од коментарите на „Икс“.

Филмот „Мики 17“ својата премиера ќе ја има на 28 јануари следната година во Јужна Кореја, а во остатокот од светот ќе дојде на 31 јануари.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста