Утрински Весник
Македонија

„Балансерот“ времено надвор од употреба, одлучи Уставен

Ustaven 696x411 1.jpg

Уставниот суд ја запре употребата на „балансерот“. Се додека судот не донесе конечна одлука дали овој закон ќе биде укинат, неговата примена е надвор од правниот промет.

Уставниот суд ценел дека вработувањето по етнички клуч е спротивно на Уставот, бидејќи граѓаните имаат право да се изјаснат како што сакаат, па дури и да не се изјаснат. Според Судот, некој ако денеска се пријавил како етнички Албанец, утре може да се чувствува како Македонец или Турчин.

Балансерот е на сила подолг период, но нема информации зошто баш во овој момент Судот се решава на ваков чекор. (Press24)

Можете да прочитате

Ристов очекува поскапа струја и парно од 1 јануари

Савески, Тошковски и Велковски договорија како ќе се постапува по секоја пријава за семејно насилство

Шест столчиња за пожарникарите во Делчево, донацијата отвори прашање за условите