Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” ОБЈАСНУВАЊЕ И НАЈАВA: Големиот циклон кој ја зафати Европа, сега доаѓа и кај нас – За среќа, место за паника нема

Untitled Design.png

Големиот циклонски систем кој ја зафати Централна  и Источна Европа и направи многу проблеми во тој дел, а поради големите поплави однесе  и многу човечки животи, истиот сега се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, односно над југоисточна Европа, условуваќи многу нестабилно време со чести врнежи, но за среќа големи поплави  и проблеми со врнежите кај нас во Македонија не се очекуваат.

Сепак, и покрај ова, утре (четврток) како и во петок во попладневните часови овој циклонски систем во нашата Македонија ќе условува повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Локално пак ќе се развиваат конвективни грмотевични облаци од кои се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност. И во Скопскиот регион утре (четврток), како и во петок во попладневните часови ќе има појава на повремен локален дожд, додека во делови од регионот можни се поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи како и со засилување на ветерот.

Не се исклучува можноста, локално процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град. Но како што кажав, штети и некои големи поплави кај нас за среќа не се очекуваат. Секако мора да напоменам, доколку падне поголемо количество на воден талог за кратко време, поради тоа што очекуваме локален развој на грмотевични конвективни облаци, можно е да дојде  и до локални поројни поплавувања, но тоа би било многу далеку од она што се случи во Централна  и во Источна Европа, што значи место за паника од големи поплави во Македонија нема.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени., Во Скопје утре (четврток) како и во петок температурата ќе се искачи до околу 24 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер