Утрински Весник
Магазин

Операцијата на Зоки Фаци е одложена

Zoki Faci .jpg

Одложена е операцијата на новинарот, Зоран Василевски-Фаци кој денеска требаше да влезе во операциона сала. Јутуберот Стефан Лазаров, кој е и негов соработик, посочува дека зафатот е многу сериозен, а потребни биле дополнителни испитувања.

„Здраво луѓе… Знам дека сите очекувате нови информации околу Зоки па да ве известам. Вчера е хоспитализиран во Систина и денес требаше да биде опериран, но поради дополнителни испитувања операцијата е одложена за наредните денови. Како што ми пренесуваат, операцијата е многу сериозна и се чека лекарскиот тим да одлучи кога ќе биде спремен“, напиша Лазаров.

Можете да прочитате

Викенд што долго ќе се прераскажува: Повеќе од 60 жени беа дел од настанот „dm bring your best friend” во Маврово

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски

Награда од 13.000 евра за победникот на натпревар во спиење во Јапонија