Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Тошковски и МВР конечно признаа вина кај Наим Рамука, мора законски да одговара

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ

Тошковски и МВР под притисок на СДСМ конечно признаа вина кај Наим Рамука и го разрешија. Власта не успеа да го спаси, иако се обудуваше да ги заташка бројните скандали и да му обезбеди заштита на Рамука.

На границата со Косово се случија серија на скандали за кои СДСМ секојдневно алармираше.  По налог на Рамука слободно, без контрола и евиденција се поминуваше, што беше случај и со сватовите на Гаши, но и со бегството на Рамадани.

Со разрешувањето МВР и Тошковски уште еднаш ги потврдија сите информации што ги објави СДСМ како апсолутно точни. Иако Мицкоски негираше а Тошковски молчење.

Но, разрешувањето на Рамука е само еден чекор, тој мора и законски да одговара. Очекуваме Обвинителството да постапи по овој случај и сите инволвирани во скандалите на северната граница законски да одговараат.

Можете да прочитате

Протест пред Кривичен: „12 години не се правда за Фросина“

Ниту еден судија од Велес не прифатил привремено да суди во Кочани, Судскиот совет ја избра Емине Калач

Крешник Бектеши да оди во куќен притвор бара Обвинителството за пожарот во дискотеката Пулс