Утрински Весник
Македонија

ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД МЕСЕЦ ОКТОМВРИ МОЖЕ ДА СЕ НАДЕВАМЕ НА МИНИ ЛЕТО И НА ПОСТАБИЛНО ВРЕМЕ: Втората половина од истиот месец ни носи пониски температури и повеќе врнежи

Meteoalarm.mesechnaanaliza.png

Пишува: Славчо Попоски:

Сe она што можам во моментов да го кажам за месец Октовмри, е тоа дека судејќи според моменталните излези на најажурниот прогностички модел „Европскиот Центар за Среднорочна проноза” (ECMWF), може да се надеваме на мини лето и на потопло и постабилно време во првата половина од месец Октовмри, додека втората половина од истиот месец ни носи повеќе врнежи, како и пониски температури.

Температурите во првата половина од месец Октомври би биле малку натпросечно високи и речиси насекаде преку ден би се искачувале над 20 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие би се искачиле  и до 30 степени. Сепак поради тоа што денот е се пократок, а ноќите се се подолги, утрата ќе ни бидат доста посвежи, па се повеќе ќе се појавува и влажноста во воздухот.

Мора да напоменам дека, со оглед на тоа дека се работи за доста подолгорочна анализа на времето, голема е веројатноста да има промени во истата, но за какви промени ќе станува збор останува да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму, како и развојот на временските услови кај нас, како и пошироко на Балканот, па  и низ целиот Европски Континент. Затоа многу подобро би било граѓаните да се базираат на моите краткорочни метео анализи, кои секојдневно ги објавувам.

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина