Утрински Весник
Свет

Британската влада ќе одвои 75 милиони фунти за борба против бандите кои шверцуваат мигранти

Migranti.webp.webp

Британската влада денеска објави дека ќе одвои 75 милиони фунти (близу 89 милиони евра) за борба против бандите за трговија со мигранти, пренесоа француските медиуми. Овие средства првично беа наменети за финансирање на миграцискиот договор склучен со Руанда, кој на крајот пропадна.

Лабуристичкиот премиер Кир Стармер, кој дојде на власт во јули, го отфрли контроверзниот план, поддржан од владејачките конзервативци, според кој барателите на азил кои нелегално пристигнале во ОК ќе бидат депортирани во источноафриканската земја.

Стармер во меѓувреме вети дека ќе се справи со „бандите“, вклучени во организирањето на преминувањето на Ла Манш, каде често има смртни случаи.

-Најавеното финансирање ќе биде искористено за купување на камери за надзор и технолошка опрема за да се олесни собирањето докази за кривично гонење на трговците со луѓе, изјави британскиот министер за внатрешни работи Ивет Купер. Средствата ќе бидат искористени и за ангажирање граничари и 100 специјалисти истражители за Националната агенција за криминал.

Британската влада сака да се справи со проблемот во соработка со своите европски партнери. 

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот