Утрински Весник
Свет

Напаѓачот на Трамп 12 часа чекал во грмушките кај голф-клубот

Palm Bic Golf Klub Tramp.jpg

Вооружениот напаѓач што во неделата беше уапсен како осомничен дека сакал да изврши атентат врз поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп претходно 12 часа бил сокриен во грмушките во близина на голф-клубот на Трамп во Флорида, пренесува Би-би-си.

„Напаѓачот, за кој инспекторите велат дека не испукал ниту еден истрел, бил скриен од добро одржуваните грмушки и високи палми што се околу голф-клубот. Бил опремен со два дигитални фотоапарати, црна ќеса со храна, калашников и објектив“, се вели во написот на Би-би-си.

Жителите од околината на голф-клубот велат дека Трамп, кога не е на кампањата, тука ја поминува речиси секоја недела. Но, директорот на Тајната служба Роналд Роу вели дека поранешниот претседател „всушност не требало да оди таму“, па агентите морале да состават безбедносен план во последен момент.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад