Утрински Весник
Магазин

Александра Тадиќ – Ципка си купи гробно место: Споменикот е веќе поставен, со нејзиното име и слика

269679644 236646331919073 8312946142698501074 N.jpg

Пејачката Александра Тадиќ Ципка (32), кон средината на мај, го загуби својот сопруг Небојша Јарин Стојиќевиќ, кој почина на 52-годишна возраст од срцев удар. Неколку месеци по трагедијата, пејачката му подигна споменик на својот сакан, а го изненади јавноста со одлуката да купи и гробно место за себе до него.

Покрај неговата фотографија на споменикот, Александра ставила и своја слика, што предизвика дополнителна емоција кај сите што го видоа гестот. Со оваа постапка, таа уште еднаш ја покажала својата посветеност и љубов кон починатиот сопруг.

За потсетување, Ципка на социјалните мрежи сподели емотивна порака 40 дена по смртта на нејзиниот сопруг, со која го најави враќањето на работа.

Таа нагласи дека ќе продолжи да пее и да ги почитува сите закажани настапи, иако загубата на сопругот и била исклучително тешка.

Во објавата таа му изрази љубов на Небојша, велејќи дека живее и пее во негова чест и дека се „посилни од судбината“.

– Што се однесува до мојата работа, пеењето, продолжувам таму каде што застанав. Подготвив секакви нови работи, но потоа… Знам дека има многу од вас на кои им се допаѓа мојата претходна работа, и поради вашата поддршка и љубов се враќам и продолжувам! Се гледаме на сите закажани прослави и настапи! Ќе ве почитувам сите затоа што тоа го заслужувате! Живеам и пеам за мојот Небојша, мојата поддршка, мојот идол и вечна љубов! Ние сме посилни од судбината – изјави тогаш Ципка.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста