Утрински Весник
Свет

Маск го избриша статусот за атентат на Бајден и Харис: „Тоа беше шега“

E4bb7d1a 0612 400c Aa72 363a40be75c1.jpg

Американската тајна служба соопшти дека е запознаена со објавата на Илон Маск на социјалните мрежи во која тој рече дека „никој не се ни обидува“ да го убие претседателот Џо Бајден или потпретседателката Камала Харис, јавува Би-би-си.

Маск во меѓувреме ја избриша објавата и рече дека било шега.

Неговата објава на „Икс“, дојде само неколку часа по обидот за атентат врз Доналд Трамп на теренот за голф во Флорида. Трамп вети дека ќе го постави Маск на чело на „комисијата за владина ефикасност“ доколку добие втор мандат.

Голем број корисници на „Икс“ ја критикуваа изјавата на Маск, а некои тврдеа дека објавата претставува поттик против американскиот претседател и потпретседател.

Во соопштението, Белата куќа го осуди објавувањето и го нарече „неодговорна реторика“.

Насилството не треба да се поддржува, охрабрува или да се шегува со тоа“, се вели во соопштението. „Не смее да има место за политичко и какво било друго насилство во нашата земја“, нагласи Белата куќа.

Американската тајна служба изјави за Би-би-си дека знаела за објавата. Тие рекоа дека не коментираат за вакви случаи, а Тајната служба ги истражува сите закани поврзани со заштитени лица.

„Лекцијата што ја научив е дека ако им кажам нешто на група луѓе, а тие се смеат, тоа не значи дека шегата ќе биде исто толку смешна кога ќе биде објавена на Икс“, напиша Маск по бришењето на првиот статус.

„Излегува дека шегите се многу помалку смешни ако луѓето не го знаат контекстот и ако е напишана“, додаде тој.

Можете да прочитате

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико