Билтенот на МВР секојдневно е полн со неубави и застрашувачки работи. Насилството, убиствата, нападите, кражбите… станаа секојдневи во Македонија, а особено во главниот град.
Луѓе се киднапираат на сред бел ден, се убиваат а телата се закопуваат или фрлаат во шумите или се носат некаде надвор од градот. Сериските убијци исто така не ни се непознат поим, а за ситни пари можат да те ограбат и повредат на секој чекор.
Додека порано ваквите работи ги гледавме само на филм, сега стануваат наша нова нормалност.
Не постои општество во светот каде криминалот е целосно искоренет и граѓаните можат целосно безбедно да се шетаат по улиците, но важно е колку тој е длабоко навлезен во општеството и колку државата прави за да се справи со истиот и да им се спротивстави на криминалците.
Како и секогаш, нас најважно ни е мислењето на народот, па така 24Инфо повторно направи анкета во која овојпат ги прашавме граѓаните колку се чувствуваат безбедно во Скопје.
– Безбедноста се повеќе и повеќе се намалува во Скопје па и во целата држава, велат тие, за криминал, тоа е епидемија.
– Пукотници секој ден, криминал, уличари… не е безбедно, никогаш до сега не било вака, вели еден граѓанин.
Има и такви кои сметаат дека вакви работи имало и ќе има, но се си тече нормално и се чувствуваат безбедно.
– Секогаш имало и ќе има ексцеси, убиства, кражби и слично инаку е добро, нормално е се. Си живееме како што треба, вели друг граѓанин.
Еден од граѓаните на постарата генерација пак не потсети на времето кога по улиците се шеташе посебна единица наречени позарникари, и апелираше до надлежните истите да ги вратат во функција, затоа што како, што велат, тие веднаш реагирале и безбедноста била на многу повисоко ниво од сега.
Целата анкета можете да ја погледнете во продолжение:
Н.Ј.