Утрински Весник
Спорт

Томаш Бердих нов селектор на Дејвис куп тим на Чешка

Images 5.jpg
Dik 300x250 mk

Томаш Бердих е новиот селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Чешка, соопшти денеска Тенискиот сојуз на оваа земја.

Бердих го замени Јарослав Навратил како селектор на Чешка.

Чешка не успеа да се пласира на завршниот турнир од Дејвис купот, откако на турнирот во Валенсија забележа порази од Австралија, Франција и Шпанија.

-Во Дејвис купот доживеав незаборавни моменти од мојата тениска кариера. Ниту еден момент не се двоумев да ја прифатам понудата, изјави Бердих по тој повод.

Бердих (38) во својата играчка кариера со Чешка двапати го освои Дејвис купот, во 2012 и 2013 година.

Можете да прочитате

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс

Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“