Утрински Весник
Македонија

Пожар во помошна просторија од куќа во Струмица – пожарникари на терен

460204897 915953763898673 5946029000055303668 N.jpg

ТППЕ Струмица денеска имала две интервенции на терен. Имено, во 05:20 часот утрово, на на ул.Ѓуро Ѓаковиќ, е пријавен пожар на помошна просторија од куќа.

Како што велат, спречено е ширење на пожарот на куќата и поголема материјална штета.

Покрај оваа, тие имале и уште една интервенција во атарот на с.Вељуса каде била запалена нискостеблеста шума и сува трева.

„Сите пожари се навремено и успешно локализирани и ликвидирани. И покрај падот на температурата за околу 15 степени и дождовите што заврнаа, бројот на интервенции на отворен простор воопшто не се намали. За жал се уште сме сведоци на неодговорно и несовесно однесување на група граѓани”, велат од ТППЕ Струмица.

Можете да прочитате

Боби Христов прогласен за технолошки вишок во Телма, ССНМ застана зад новинарот

Петров: Оваа недела го доставуваме планот до СДСМ, сулудо е да се чека

Петров: Ние не сме се гледале со Мицкоски, ама Филипче интензивно се гледаше со него