Утрински Весник
Македонија

Прво државно квиз првенство – 24info.mk

20240914163526 Big 730x400 81.webp.webp

Прво државно квиз првенство ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Македонската квиз асоцијација (МКА) кое е отворено за професионалци и дебитанти во индивидуални натпреварувања и во двојки.

Државното квиз првенство се состои од два настана, поединечно натпреварување и натпревари во двојки. Поединечното натпреварување се состои од пишани тестови со 200 прашања од осум различни области (спорт, наука, историја, свет, медиуми, животен стил, култура и забава) на кои што секој учесник треба да одговори точно, на што поголем број прашања, за два часа. Автор на квизот е Небојша Ангелов, искусен натпреварувач и победник на телевизиски квизови.

Натпреварите во двојки се состојат од вкупно 200 прашања кои ќе бидат распоредени во три дела. Првите два дела се состојат од по 80 прашања и времето за решавање за нив е 45 минути, а по нивното прегледување, најдобрите парови учествуваат во третиот финален дел кој се состои од 40 прашања и се решава 30 минути. Поените од трите дела се собираат, со тоа што поените освоени во финалната рунда вредат по двојно. 

-Ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат на ова првенство односно оваа интересна и интелектуална квиз-забава, каде што можете да се натпреварувате и да го споделите Вашето знаење од разни занимливости! Единствени критериуми што е потребно да ги исполнуваат натпреварувачите е да сакаат да го покажат своето знаење и да сакаат дружба и забава и најважно, сите нешто да научиме. Ве охрабруваме, сите што имате желба да учествувате на вакви настани, да ни се придружите, велат од МКА.

Можете да прочитате

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“