Утрински Весник
Македонија

Трајаноски: Ако е проблем фотографијата без државното знаме, зошто Сиљановска-Давкова ја објави?

Fb Img 1726338622696.jpg

Од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова соопштија дека спорен е моментот што претседателката и бугарскиот претседател Румен Радев се фотографирала при нивната средба, иако тоа не било најавено, а новинарот Жарко Трајаноски прашува доколку фотографијата е проблем зошто е објавена.

„А кој ја објави фотографијата која не била според протоколот? Па, вие ги објавивте фотографиите од средбата со две бугарски знамиња на официјалната страница на претседателот на државата. Гордо ги објавивте“ пишува Трајаноски.

„Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен“ изјавија од кабинетот на претседателката.

Токму сликата со двете бугарски знамиња беше објавена на официјалната страница на претседателката на државата, затоа прашањето на Трајаноски е доколку таа не била според протоколот, зошто е објавена?

Можете да прочитате

Демократски сојуз: Да се забрани производство на марихуана

Поднесена кривична пријава против две лица учесници на протестите во Битола

Првиот наставен час на современ македонски јазик одржан е на 6. февруари во 1945 година во Битола