Утрински Весник
Економија

НБРМ потпиша Меморандум за соработка со Централната банка на Косово

Memorandum Nb Cbk.jpg

Како резултат на постоечката добра соработка и во насока на нејзино понатамошно  унaпредување, Народната банка и Централната банка на Косово, потпишаа Меморандум за соработка и размена на информации. Меморандумот беше потпишан од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерот на Централната банка на Косово, Ахмет Исмаили, за време на работната посета на македонската делегација на Приштина, во која учествуваше и вицегувернерот на Народната банка, Фадил Бајрами. Меморандумот опфаќа повеќе полиња за размена на искуства и знаења, како финансиска стабилност и макропрудентни мерки, супервизија и имплементација на меѓународни стандарди, платни системи, заштита на потрошувачи и размена на статистички податоци.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и гувернерот Исмаили на потпишувањето порачаа  дека меморандумот е резултат на пријателските односи помеѓу двете централни банки и дека истиот е основа за продлабочување на соработката и успешно остварување на проектите и иницијативите коишто ќе произлезат во наредниот период.

За време на посетата на Косово, македонската делегација предводена од гувернерката, одржа повеќе состаноци со гувернерот на Централната банка на Косово, вицегувернерите и високи претставници на банката. Во рамки на овие средби беше дискутирано за стратегиските цели и предизвиците во современото централно банкарство, финансиската стабилност и макропрудентните мерки, при што претставниците на Народната банка ги презентираа макропрудентните мерки кои се преземени, особено мерките преземени во изминатите неколку години, како и нашето искуство при подготовката за СЕПА апликацијата, која беше поднесена на почетокот на јули, оваа година.  

За време на средбите во Приштина, дирекции од двете централни банки ги презентираа надзорните практики на платните системи и давателите на платежни услуги во нивна надлежност, како и проектите и активностите кои имаат за цел да ја модернизираат платежната инфраструктура во двете земји.

Можете да прочитате

Инвеститорски ден на Берзата – 24info.mk

Есенската потрошувачка кошница ќе биде позната денеска, ќе се замрзнуваат цените или ќе се ограничат маржите

Ангеловска-Бежоска на гувернерскиот состанок на БИС: Финтернетот како иден чекор во развојот на финансискиот систем