Утрински Весник
Македонија

Трагедија во Прилеп: Почина жена откако возејќи тротинет ја удрил автомобил

Policija Nokje.jpg

60-годишна прилепчанка почина откако во нејзиниот тротинет удрило возило „мерцедес“.

– На 12.09.2024 во 15.11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп, патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(47) од Прилеп, удрило во електричен тротинет, управуван од В.П.(60) од Прилеп. Во несреќата, В.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница Прилеп, каде што во 17.45 часот починала, соопштија од полицијата.

Можете да прочитате

Два активни пожари во Скопје, едниот во Брњарци, другиот во Волково

СВР Битола уапси две лица за подметнување пожари на отворен простор

Левица: ДПМНЕ има повеќе советници за млади и демографија отколку какви било резултати – училиштата им се празнат оред очи