Утрински Весник
Македонија

Поранешните членови на Историската комисија се жалат на притисоци

R2rbf5tj3u700ubcrkjt.jpg

Поранешните членови на Историската комисија обвинуваат дека нивната работа била злоупотребена за партиски цели.

Преку соопштение прстот го вперуваат во премиерот и министрите во владата велејќи дека им се ставила политичка етикета и ги поткопале националните интереси. …Бараат во составот на Комисијата да се вклучат и странски експерти од УНЕСКО, Советот на Европа или ОБСЕ.

Минатите неколку недели бевме сведоци на неаргументирани, обвинувачки и навредливи изјави на премиерот за работата на поранешните членови на Комисијата со кои тој ги дели граѓаните на „заштитници“ и „незаштитници“ на националните интереси согласно со неговите лични погледи. Уште пострашно е што премиерот свесно испраќа авторитарна и заканувачка порака дека оној што нема да ги исполнува неговите очекувања и политички погледи ќе биде етикетиран дека не ги штити националните интереси.

Премиерот пак им врати – нека се вклучат и експерти во Комисијата, ама поранешните членови ќе треба да одговорат за што потрошиле огромни буџетски пари во средбите со бугарската страна….Вели се согласија на капитулација на историјата како што се согласија Ковачевски и Османи.

Опозицискиот лидер Филипче пак ја осуди како што вели политичката дискредитација на сега веќе поранешните членови на Историската комисија. И тој смета дека потребно било вклучување на странски експерти во работата на Комисијата.

Поранешните членови на историската комисија прстот го вперија и во министерот за надворешни работи Муцунски. Велат дека неговиот став со кој ја прогласил Комисијата за политичко тело ги ставил историјата и науката во служба на политичките позиции на Владата, а не на научните и академски принципи.Според нив тоа била позицијата која ја посакува официјална Софија.

Со одлука на владина седница, беше сменет составот на Комисјата за историски и образовни прашања , па сега на чело на македонскиот тим застанува историчарот Ванчо Ѓорѓиев, која веќе еднаш ја напушти комисијата поради политички притисоци.

Можете да прочитате

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување

Мицкоски: Од овој месец здравствените работници добиваат 10 отсто повисока плата