Утрински Весник
Македонија

Уапсен разбојник од струмичко, нападнал жена и ја ограбил

Rjmet Apsenje 333811.jpg

На 11.09.2024 во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.Л.(42) од село Владевци, струмичко.

Тој се сомничи дека околу 20:30 часот во Струмица, од 24-годишна жена од село Мокриево, струмичко, со употреба на сила одзел пари и мобилен телефон.

Лицето било задржано во полициска станица и кај него биле пронајдени одземените предмети и ќе бидат вратени на сопственичката.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Г.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Три пожари до 14:00 часот, активни се два

Три лица уапсени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Левица: ДПМНЕ нема намера да ја ограничи коцкарската индустрија, ги одби сите наши амандмани