Утрински Весник
Македонија

Кривично ќе се гонат три лица – МВР го расчисти обидот за убиство во Арачиново

Aracinovo 1.png

Во врска со кривично правниот настан случен на 29.08.2024 околу 21 часот во село Арачиново, скопско, каде што со огнено оружје е пукано кон А.И. (25) и В.Б. (29) од село Арачиново, при што со прострелни рани се здобил А.И. и бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти извршени се претреси на повеќе локации во с.Арачиново, при што од слобода е лишен Е.А. (22) од с.Арачиново.
Од страна на ЕНК-ОКСД поднесена е кривична пријава против Е.Б. (29), В.А. (27) и Е.А. (22), сите од с. Арачиново за кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ. Од страна на судија на претходна постапка на лицето Е.А. определена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена, информираа од полицијата.

Можете да прочитате

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Работна посета на МЕП Муртезани на Ирска

Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски