Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Шест невини полицајци ќе одговараат за да се заштити Наум Рамука

Sdsm.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

МВР ги потврди сите информации кои ги објави СДСМ, јавно, на прес конференција. Се случува класична местенка за да се заштити функционер на власта.

Срамно и нечовечно вината за скандалите на границата и пропуштањето на сватовите на Гаши ДПМНЕ и Тошковски им ја калемат на полицајците кои работат на граничниот премин.

За шестмина полицајци, МВР предлага  постапка за утврдување одговорност. Наместо одговорност да се побара од началникот Рамука, кој ги давал наредбите, се казнуваат невини, чесни луѓе.

Ова е брука и срамота.

Се покажа дека Мицкоски едно зборува јавно а сосема друго прави. Додека беседи за одговорност се местат невини луѓе а Тошкоски спроведува полициско-партиска заштита за нивниот омилен началник Рамука.

Ова е уште една причина Обвинителството да постапи за овој случај. Надлежното обивнителство треба да ја спречи оваа неправда и вистинските виновници да понесат одговорност.

Можете да прочитате

Ерол Шакири е новото лице на „Ноќно студио“ – од среда во 20 часот на 4ТВ

Шакири: Политичарите често даваат демагошки одговори, уметност е да се извлече вистината

Шакири за етикетирањето на новинарите: Ако мислиш поинаку, веднаш те обвинуваат дека си платен