Утрински Весник
Македонија

Филипче: Очекувам Мицкоски да ми се извини јавно за лагите за имотниот лист

1 7 1 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Струмица, во одговор на новинарско прашање, потенцираше дека неговиот имотен лист и како министер и како пратеник е идентичен, односно дека единствената разлика е во начинот на пријавување.

„Имотниот лист е идентичен, кога ќе го видите вкупниот имот тој е со иста квадратура, единствена разлика е во начинот на пријавување. Во претходниот имотен лист не се ставаа, а сега има простор да се стават имотни листови како документи. Кога ќе се анализира сето тоа ќе се види дека е исто”, рече Филипче.

Во одговорот Филипче изјави дека очекува Мицкоски јавно да му се извини за изнесените лаги за имотниот лист.

„Откако ДКСК ќе го анализира случајот и апелирам тоа да се случи што побрзо, за да излезат со став и да кажат каква е фактичката ситуација, ќе барам од премиерот Мицкоски да излезе во јавноста и да ми се извини исто како што излезе вчера на интервју и ја кажа таа лага”, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание

ВЛЕН: Груби си го бара пасошот за 335 илјади евра, народот си ги бара децата

ЛДП: Се потврди нашето — буџетот немилосрдно се испумпува! Сега скратете ги и измислените функции, непотребните заменици и преплатените управни одбори!