Утрински Весник
Македонија

Рамука доби партиско-политичка заштита од Тошковски и Мицкоски, велат од СДСМ

D181d0b4d181d0bc D183d181d0bfd0b5d188d0bdd0be D0bcd0b5d0bdd0b0d19fd0b8d180d0b0 D181d0be D0b5d0bdd0b5d180d0b3d0b5d182d181d0bad0b0d182 63cd8c4565475.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Бројни скандали се случија на границата со Косово каде по налог на началникот Наим Рамука слободно, без контрола и без евиденција се поминува, како што беше случај и со сватовите на Гаши.

Откако Тошковски не успеа да ги заташка скандалите, наместо да побара одговорност од Рамука којшто ги давал наредбите, целата вина им ја накалемува на полицајците кои работат на граничниот премин, иако немаат никаква одговорност.

Со добро познатите методи на ВМРО-МВРО се казнуваат невини и чесни луѓе, кои си ја работат својата работа професионално а се штити вистинскиот одговорен за скандалот. Кога се политичките дилови на коалициските партнери нема одговорност од функционерите.

Тошковски и Мицкоски обезбедија партиско-политичка заштита за нивниот омилен началник Рамука. Нема одговорност за фунцкионерите од власта.

Вака ли ВМРО-ДПМНЕ ја замислува одговорноста за која беседи Мицкоски? 

Да се местат луѓе да одговараат иако ништо не згрешиле, само за ДПМНЕ да си ги покрие скандалите?

Ова е неправда од надолен вид. Брука и срамота.

Обвинителството не смее да молчи, мора да постапи по овој случај, невините да се спасат а да одговараат вистинските виновници.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!