Утрински Весник
Македонија

Ја нападнал едната, па потоа ги избркал од дома сите три малолетни ќерки во скопски Аеродром

Policija 2.jpg

На 09.09.2024 во 22.45 часот во СВР Скопје, од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје било пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, Д.Ј.(34) од Скопје физички нападнала една од нејзините три малолетни ќерки, а потоа сите три ги избркала од домот заедно со нивните миленици.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера пак, во 18.00 часот во СВР Скопје, 47-годишниот Б.А. од Скопје пријавил дека околу 17.15 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговата малолетна ќерка била физички нападната од женско лице, извести МВР.

Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Филипче-Ле Риголер: Евроинтеграцискиот процес мора да продолжи, Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ 

ДА МУ СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ НА ПОВИКОТ ЗА ОБЕДИНУВАЧКА ПЛАТФОРМА

Претседателката Сиљановска Давкова го прими италијанскиот министер за надворешни работи, Тајани