Утрински Весник
Балкан

Пожарот кај Сребреница разгорен – хеликоптери не летаат поради силниот ветер

Pozar Kaj Srebrenic.jpg

Хеликоптери на Република Српска, Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи на Србија и Вооружените сили на Босна и Херцеговина денеска нема да учествуваат во гаснењето на пожарот во Сребреница поради неповолните временски услови.

На состанокот на штабот за заштита и спасување на оваа општина беше упатен апел итно да се испратат поголем број луѓе за гаснење на пожарот и да се побараат од соседните општини водени ранци за да се спречи ширење на пожарот на куќи во селото Лука во атарот на Националниот парк „Дрина“.

Шефот на општината и командант на овој штаб Младен Грујичиќ рече дека линијата на пожарот е долга 15 километри, дека пожарот е на 80 метри од куќите и дека засилен ветер кој го променил правецот, дополнително го разгорува пожарот и го загрозува селото.

Грујичиќ рече дека ќе има зголемен број на луѓе кои ќе работат на тоа пожарот да не се прошири на куќите во село Лука и дека се очекуваат врнежи од дожд, што е единственото нешто што може да го изгаси пожарот во иглолисната шума каде пожарот се шири неверојатно брзо под влијание на ветерот.

Можете да прочитате

Турската полиција застрела Грк на граничен премин- со автомобил направил хаос (ВИДЕО)

KФОР: Безбедносната состојба во Косово е мирна, но нестабилна, особено на север

Вучиќ: Сега е јасно дека Курти сака прогон на Србите