Утрински Весник
Македонија

Кузеска: Балансерот останува на сила, потона уште едно ветување на Мицкоски 

Bk.jpeg

Интегрален текст од одговор на прашање на Богданка Кузеска

Министерот за јавна администрација кој доаѓа од партијата ЗНАМ призна дека балансерот останува на сила. Иако пред само две недели сосема друго зборуваше.

Со ова принзнание потона уште едно ветување на Христијан Мицкоски. 

Наместо укинување на балансерот како што ветуваше ДПМНЕ сега имаме надграден и проширен балансер за чија примена ќе биде надлежно Собранието а ќе го раководи ДУИ.

За многу кратко време време власта на ДПМНЕ си ги погази сите дадени ветувања пред граѓаните. А ЗНАМ се покажа дека не е никаков фактор во Владата, неми посматрачи и извршители на желбите на Мицкоски.

Можете да прочитате

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

Мециновиќ Владата ја гарантира „шансата да изгубиш сѐ” –  коцкањето станува јавно-здравствена криза

На в.д. претседателот на Основниот суд Гостивар одземен му е пасошот