Утрински Весник
Македонија

УХМР: На Попова Шапка најмногу дожд, а еве и колку степени се измерени

Kisa Kumanovo Za Mia.jpg

На Попова Шапка утрово се измерени 10 степени Целзиусови, а во изминатите 24 часа до 08 часот наврнале 59 литри на метар квадратен воден талог велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Лазарополе и Маврови Анови се измерени 11 степени, 14 во Охрид, Дебар и Крушево, 16 Претор и Крива Паланка, 17 Скопје-Зајчев Рид Битола, Тетово, Прилеп, Виница и Куманово, 18 Струмица, Штип, Велес и Кавадарци, 19 Скопје-Петровец, Демир Капија и Гевгелија.

Како што информираа од УХМР до 08 часот во Маврови Анови и Лазарополе наврнати се 40 литри на метар квадратен, 36 во Тетово, 35 во Дебар, 31 Претор, 23 Охрид, 17 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, 10 Скопје-Петровец, 9 Прилеп, 8 Куманово, 7 Велес, Тополчани, 6 Битола, 3 Кавадарци, 2 Крива Паланка, Демир Капија, Штип, Виница, Пожар, 1 Струмица, Гевгелија.

Времето денеска ќе биде облачно и свежо, наместа нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Локално врнежите ќе бидат поинтензивни (над 30 l/m2) проследени со грмежи. Максималната температура ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2) и појава на грмежи. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.

Можете да прочитате

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег