Утрински Весник
Македонија

За една недела 25 заболени од голема кашлица, хоспитализирани пет деца

Golema Kaslica.jpg

Повторно се зголемува бројот на заболени деца од голема кашлица. Последната недела се регистрирани 25 случаи, речиси двојно повеќе од претходната седмица, покажуваат податоците од извештајот на ИЈЗ. Најголем дел од новозаболените се на возраст под 1 година од Скопје некомплетно вакцинирани. Случаи се пријавени и во Тетово, Куманово, Кратово и Крива Паланка. Поради компликации од бактериската инфекција 5 доенчиња биле задржани на болничко лекување во Клиниката “Козле” и на Детската клиника. Директорот на установата вели дека секојдневно имале дечиња со респираторни симптоми карактеристични и за пертусис.

– Имаме ској ден деца со респираторна симптоматологија од кои тие што се во потешка состојба и со долнореспираторни симптоми, тогаш ние ги хоспитализираме и кај нив обавезно правиме на сите тест за пертусис. Имаме од различни возрасни групи, но за малите доенчиња обавезно правиме тест. Сме имале потврдени случаи, но моментално немаме. Минатата недела имавме случај и е испишан дома во добра состојба. Но, секој ден имаме случаи со респираторна симптоматологија, изјави д-р Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести.

Досега се евидентирани 1074 заболени од голема кашлица. Епидемија пролетта беше прогласена во Скопје, Куманово и Тетово од каде се и најголем дел од заболените, но пријавени се случаи и во други 20 градови во Македонија. Болеста се карактеризира со долго и интензивно кашлање, а може да трае и до 100 дена.

Можете да прочитате

Првиот вицепремиер Изет Меџити во официјална посета на САД

Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три години

Мицкоски со 10 принципи за заедништво и сплотеност