Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ: МЕГАФОНИТЕ НА АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА ГИ КРИЈАТ НИВНИТЕ СКАНДАЛИ!

Vlen.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Наместо да се извинат што се фатени 100:0 во криминал со интернет коцкарници, таканарачениот Европски фронт си нарачува прилози за пропаднати законски решенија кои беа поднесени за да го покријат барањето за автентично толкување на ВЛЕН.
Граѓаните се свесни за дволичноста на лажните моралисти, кои немаат храброст да го осудат последниот мега-скандал – апсењето на Сафет Мифтари, нивен кадар од Боговиње, фатен на дело како нелегално организира онлајн игри на среќа.
 

Тие што ја промовираа културата на коцкање во секој агол на нашето општество, сега се обидуваат да го тргнат фокусот од своите внатрешни скандали. Ова е нивното вистинско лице! Тие што ја посадија семката на коцкањето во нашите домови, сега се обидуваат да го дефокусираат јавното мислење преку нивните контролирани мегафони. Европскиот фронт не ја поддржа нашата иницијатива за автентично толкување на законот за игрите на среќа, бидејќи тоа директно би ги нарушило нивните криминални интереси. Апсењето на Сафет Мифтари е јасен доказ за нивната вмешаност во овие нелегални активности.

ВЛЕН е единствената политичка сила која е посветена на целосно отстранување на коцкањето од нашите домови, додека ДУИ и нејзините сателити, преку нивното 22-годишно владеење, создадоа правни сопки кои го оневозможуваат тоа. Нивни највисоки партиски кадри се главните одговорни за инсталирањето на оваа болест која ги уништува нашите семејства.
 ВЛЕН има јасен план, а автентичното толкување е само првиот чекор. Потоа, ќе се справиме со криминалот создаден од поранешната влада и Државната лотарија. Во разумен рок ќе предложиме нов закон кој ќе го намали бројот на казина најмалку за половина.

Можете да прочитате

Отворена патеката „Македонија“ во Михајлово

Митева: Се уште нема информации за македонскиот државјанин кој исчезна по несреќата во Кран Монтана

Мицкоски: Линеарното зголемување ќе донесе плус 7.000 денари на пензиите до април 2026