Утрински Весник
Македонија

Николовски открива: Плаќани 30.000 евра месечно по човек за надзор, за идеен проект 800.000 евра

Aleksandar Nikoloski.jpg

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за Фокус истакна дека мора да се истражи како за надзорот над Коридорите 8 и 10 број 1 компаниите од САД и Франција губат од компанија од Италија која никој не ја познава, предметот е во ЈО,

„За жал, претходната влада на Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Артан Груби потпишала во договорот дека за да се декласифицира треба да се согласат двете страни. Јас само што станав министер за транспорт побарав, но другата страна не дозволи да се декласифицира. Инаку, договорот е јавно познат, јас лично сум го извадил, бев единствен политичар во опозиција кој имаше храброст да го извади во јавност и тоа е тоа“ вели Николоски.

Во однос на тоа дека имаше многу критики и за надзорот тој истакна:

„Се уште стојам зад тоа што го зборував во опозиција дека има многу лош надзор. Надзорот треба да е заштита на државата, но не е никаква заштита.

Носител на надзорот е компанијата ИРД. Ве повикувам и вас како истражувачко новинарство да ја проверите. Зошто? Се работи за компанија која номинално е од Италија, но во Италија има нула евра обрт, односно не работи ништо во Италија, а најголем дел од обртот е во Македонија и Молдавија.

И, случајно, директор за Македонија на таа компанија е поранешен вработен во моето министерство, што ќе се согласите дека во најмала рака е судир на интереси.

Тоа е компанија која наплаќа 30.000 евра по месец за експерт, 25.000 по месец за експерт, за четворица експерти што го пишувале договорот и напишале лош договор за државата наплатила по 250.000 евра по експерт итн.

И исто така интересно е, овој предмет е во Обвинителството и се истражува, како тоа победи компанија од Италија која во Италија не работи ништо, а не победи американската компанија „Хил“ која е број 1 за надзор во САД, или француската компанија „Ежис“ која пак е број 1 за надзор во Франција?

Тие 3 понуди беа вкупно и внимавајте – француската компанија имала за 6 милиони евра поефтина понуда“ кажа Николоски.

Во однос на тоа зошто била дисквалификувана, Николоски рече:

„Поради некои ситни технички образложенија. Значи, број 1 компаниите во САД и Франција губат од компанија од Италија која никој не ја познава“ нагласи Николоски.

За тоа дали има сомнежи дека компанијата е параван зад која стои капитал од друга, трета земја Николоски рече:

„Тоа треба да го провери Обвинителството, но јас како претставник на државата не сум задоволен што надзорот работи за нас.

Еве ќе отворам уште една работа… Истата оваа ИРД има добиено преку Светска банка средства за изградба на т.н. мултимодуларен комплекс кај Трубарево, кадешто се спојуваат двете железници на коридорите 8 и 10.

Само за да изработат физибилити-студија и идејно решение како тоа да изгледа во иднина, а се сведува на предлог да се потпише јавно-приватно парнерство, што во Македонија е автопат за злоупотреба на службена положба и овластување, добиваат некаде 800.000 евра.

Ова се бројни прашања околу оваа компанија кои сметам дека треба да се отворат во јавност“ потенцира Александар Николоски.

Можете да прочитате

Ова се десетте најплатени холивудски актери во 2023 година

ДОАЃА ОГРОМНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Следната седмица на Балканот му се закануваат големи поплави

Притвор за двајца мажи од Кочани кои го убија својот сосед