Утрински Весник
Македонија

Бетмен Велит се обиде да искритикува анкета за цените на школскиот прибор, доби коментари против мерките на владата

Whatsapp Image 2024 09 07 At 11.49.28 F1f29f80.jpg
Dik 300x250 mk

Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит на социјалните мрежи сподели анкета во која граѓаните ја критикуваат мерката за замрзнување на цените на моливите и школскиот прибор, во обид да ја претстави како кампања против владата.

Сепак, неговите фанови во коментарите продолжуваат со критики кон мерката и кон лошите политики кои ги спроведува владата.

„Јака мерка“, „Почнаа Богдан, ќе почнат и многу повеќе ако се замајуваме“, „Богдан како и да е лошо почнувате. Социјалистички мерки од десничарска партија Тоа е популизам кога нема конкретни реформи. Берете ум“, „Замрзнуваш цени на школски прибор на 02 септември. Исто ко да замрзнеш цени на новогодишни украси после нова година“, „Многу јака мерка, нема што“, се дел од коментарите под објавата на Илиевски.

Инаку граѓаните во анкетата која ја сподели Илиевски велат дека владата наместо да ги замрзнува цените на моливите, фломастерите и школскиот прибор треба да се погрижи учениците да добијат подобро образование и да се разгледаат и замрзнат цените на прехранбените производи.

Можете да прочитате

Кандидат за градоначалник на Брвеница си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни и 14 новинари