Утрински Весник
Македонија

Левица: За трет албански универзитет Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ ќе потроши 34,5 милиони евра

Levica Logo.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

И покрај тоа што младите забрзано ја напуштаат државата (бројот на ученици во средните училишта е, речиси, преполовен!), за учениците не се обезбедени учебници, македонските универзитети кубурат со наставен кадар, не се обезбедени капацитети за сместување на студентите, а и тие што ги има се руинирани и со субстандардни услови, Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ изделува средства за изградба на нов елитен кампус во склоп на контроверзниот универзитет „Мајка Тереза”.

Универзитетот „Мајка Тереза” беше формиран во 2016 година како резултат на политички, а не на образовни потреби! Неговото формирање имаше единствена намена да ги задоволи етнотрибалистичките апетити на ДУИ. Денес, од иста причина – задоволување на етнотрибализмот на ВРЕДИ, сега се издвојуваат 34,5 милиони евра за изградба на нов кампус на овој универзитет.

Потсетуваме, непосредно пред изборите, Универзитетот ,,Мајка Тереза” беше вселен во потполно реновирани простории во поранешната касарна ,,Илинден”, за што беа издвоени 100 милиони денари.
Во исто време, зградата на најпосетениот и највисокорангираниот факултет на УКИМ, ФИНКИ, никако да биде завршена, а останатите факултети и на УКИМ и на УГД кубурат со средства за работа и се на раб на опстанок, со години и не добиваат согласности за надополнување на потребниот наставно – научен кадар, а од август годинава драстично се намалени и средствата за научно – истражувачка дејност.

Со одлуки каква што е оваа за доделување 34,5 милиони евра на Универзитетот „Мајка Тереза”, власта во пракса демонстрира дека не работи ништо друго освен дневна политика за егзестенцијалните потреби на сопствената коалиција!

За мир во владејачката коалиција плаќаат граѓаните, кои поради деградираниот образовен систем, сè почесто студирањето на своите деца го финансираат во странство.

Македонското образование е заложник на политичките апетити на мала клика луѓе, на кои врхушката на власт им дозволува етнотрибалистичка политика.

Левица бара итна ревизија на владините приоритети и пренасочување на средствата кон решавање на суштинските проблеми со кои се соочуваат универзитетите и студентите во Македонија!

Образованието не смее да биде заложник на етнички и партиски игри на било која партиска гарнитура – клучот за иднината на држава, не смее да биде оставен во рацете на полуписмени политичари!

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош