Утрински Весник
Македонија

Скопјанка искасана од куче скитник додека шетала со бебе во Карпош

11 585x250 1.jpg

Сандра Лазаревска од Скопје на Фејсбук раскажа за напад од улично куче на пешачка патека во скопската населба Карпош.

Како што пишува, таа била на прошетка со своето бебе, а завршила со рани на стомакот.

– Гриз од куче скитник… Булевар 8 септември, среда 04.09…21:15-20

На прошетка со бебето неполни 40 дена, на стаза наменета за пешаци, каде што ПРИТОА нема никакво осветлување.

Гледам слика пред мене од затрчано куче и се запрашувам дали оди накај мене или према нешто друго. Ни 2 ни 3, во секунда се фрла на мене, ме каса по стомак и ме бутка на земја. Паѓам. Како што паѓам, паѓа и количката во која се наоѓа син ми, паѓа од количка СРЕЌА на мека исушена трева, лазам по тревата да го фатам за да не го повреди, го зимам во раце и СРЕЌА некако ништо не му се беше случило. Две девојки позади мене ми ги слушнаа врисоците и се стрчаа да ми помогнат…

И до кога вака со кучињава пуштени како во дивина а во главен град, без никакви сериозни мерки?

Скраја да е! – напиша таа на нејзиниот Фејсбук профил и ги повика надлежните да го решат овој проблем.

Можете да прочитате

СДСМ: Трајчевски да одговори: Каква е неговата улога за влегувањето на медиумите на Вучиќ во Македонија?

Вработен во банка во Гевгелија влегувал во сметки на корисници и одзел скоро мет милиони денари и над 63.000 евра

Приказната за „Силјан Штркот“, која е дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, оживува и во нова сликовница