Утрински Весник
Македонија

Николовски: Разочарувањето кај граѓаните кои со жар и верба гласаа за ВМРО-ДПМНЕ е огромно

01 Nikolovski 2.jpg

„Разочарувањето е огромно кај граѓаните особено кај оние кои со многу жар и верба во подобри времиња гласаа за промени и залудно им ја дадоа довербата на ВМРО ДПМНЕ“ вели новинарот Љубиша Николовски за „Рацин.мк“.

Тој додава дека она што загрижува е дека не само во првите месеци од владеењто на оваа Влада, туку дека ако вака се продолжи вака ќе биде исто, дури и полошо, и во наатамошниот период од управувањето со државата.

Тој исто така истакнвуа дека меѓуетничките односи беа моторна ПР стратегија на ВМРО-ДПМНЕ во предизборието, но дека сега нивното однесување е поинакво од реториката.

„Кога ја наметнаа тезата дека Македонците се граѓани од втор ред во својата држава со што ги подгрејаа националните чуства кај нив очекувајќи дека сега новата власт предводена од патриотската ВМРО ДПМНЕ, во сослужение со навидум тврдокорниот Максим Димитриевски, ќе ги сместат Албанците онаму кај што им е местото. Тоа сепак не се случи и ние сме сведоци на проста замена на една политичка сила на Албанците со друга на која сѐ уште не можеме докрај да и ги видиме крајните цели“, укажува Љубиша Николовски.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!