Утрински Весник
Македонија

Внимание! Исус воскреснал, Александар создал империја, а што направивме ние за 33 години независна Македонија?

Whatsapp Image 2024 09 04 At 16.54.08 1dc9a1ac 1024x576 1.jpg

Внимание со специјална анкета по повод Денот на независноста 8-ми септември. Граѓаните зборуваат: На 33 години Исус воскреснал, а Александар Велики создал империја до Индија. Шчо напраифме ние во овие 33 години како независна држава? Една граѓанка вели: „Залет земавме, ама никако да тргне работава. Никој не гледа за државата…“.

На прашањето „Кој е најзаслужен за независноста на Македонија – Јосип Броз Тито, Киро Глигоров, Васил Тупурковски, Љубчо Георгиевски, Стојан Андов или некој друг?“, убедливо најспомнуван политичар е – Тито, кој почина 11 години пред независноста.

На прашањето „Каде и каква ќе биде Македонија за нејзиниот 50-ти роденден, во 2041 година?“, граѓаните даваат поделени одговори. Некои се прашуваат дали ќе ја биде, некои се надеваат дека ќе остане независна држава, други ја гледаат како либерална држава, со поквалитетно здравство и образование, без корупција, како членка на ЕУ.

Граѓаните даваат интересни одговори и на прашањето: „Ако имавме сега референдум на овој 8 септември, кое би било твоето референдумско прашање?“: „Дали сакаме да живееме тука и што би направиле за да останеме да твориме во Македонија?“, „Кога ќе престанете да глумите?“, „Што правиме со ѓубрето и како се справуваме со аерозагадувањето?“, а некои предложија референдум за ЕУ.

Можете да прочитате

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат