Утрински Весник
Македонија

Пожарот во општина Чашка излегува од контрола, жителите се жалат дека немаат помош во гасењето

Image 214671.jpeg

Пожарот во Општина Чашка каде што гори мешана шума, според локалните жители излегува од контрола и се шири, а тие немаат никаква помош во гасењето.

Локалните жители, заедно со вработени од општина Велес се борат за да се справат со огнената стихија, но тие се жалат дека се уште немаат помош од хеликоптери или ертрактори.

Според фотографиите може да се види дека пожарот стигнува и до патот.

Според ЦУК, во општина Чашка под контрола бил пожарот на Планината Мукос кај селото Степанци, додека активен е тој кај селото Оморани и Ораов Дол.

Покрај овој пожар, голем пожар има и во општина Прилеп кај с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково, каде што овој пожар се шири на 3 крака: с.Бонче кон с.Крушевица, превој Слива кон с.Чумово и кон с.Пештани. Таму гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.

Пожар има и во општина Петровец каде што гори нискостеблеста шума околу селата Градманци, Брезница и Катланово. Во Штип гори кај селата Хаџи Хамзали, Едеклерци, Топлик и кај полигонот Криволак. Во општина Чучер-Сандево годи кај селото Танушевци, а во општина Долнени кај селото Десово.

Според ЦУК вчера биле изгаснати 33 пожари низ цела територија на Македонија.

Можете да прочитате

Влатко Ѓорчев – нов национален координатор за демографија и млади

Скопјанец со закана со пиштол принудил едно лице од банкомат да извади пари и да му ги даде

Ученик нападнат на Бит Пазар од неколкумина негови соученици