Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Ќе го следиме откупот на пиперката до последниот килограм додека не се откупи согласно договорените цени

Cvetan Tripunovski 05.09.2024.jpeg

„Денеска заедно со претставници од Земјоделскиот инспекторат сум на терен во општина Могила и општина Кривогаштани, сакав лично да се уверам со текот и откупот на пиперката од реколта 2024 година”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Согласно она што го видов во овој дел на државата, кај дел од откупувачите има мало отстапување во делот на цената. Согласно препораките на Инспекторатот и сите ќе се корегираат”, изјави министерот.

Тој апелираше до земјоделците дека ќе се следи откупот до последниот килограм на пиперка за да се откупи по договорените цени.

„Сакам да апелирам до земјоделците дека ние како институција ќе го следиме откупот до последниот килограм додека не се откупи согласно препорачаните односно договорените цени пред почетокот на откуп”, појасни Трипуновски.

„Во наредните денови ќе одржиме и дополнителен состанок со преработувачите каде што ќе разговараме за преклопување на реколтата од струмичкиот и прилепскиот регион. И тоа се со цел да нема големи осцилации во делот на преработката”, изјави тој.

Министерот вети дека земјоделците оваа година треба и ќе бидат задоволни од откупот и пласманот на пиперката.

Можете да прочитате

МЗ: Инициран вонреден инспекциски надзор за третманот што го добила медицинската сестра Љубица Шавреска која го загуби плодот

Работна средба со Судскиот совет за актуелните состојби и реформите во правосудството

Мицкоски: Остануваме посветени на изградба на дата центри, светот оди во таа насока и процесот е неповратен