Утрински Весник
Македонија

Приведено лице од битолско поради предизвикување на пожар

Pozhar 6.webp.webp

На 04.09.2024 во 19.20 часот во с.Кременица, битолско, полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(27) од с.Кременица. Тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. При преглед кај И.Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот. И.Т. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

ДУИ: Од потпретседател на Али Ахмети, заврши како портпарол на Мицкоски

Царинската управа заплени 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Определен 48часовен притвор за четири лица осомничени за пожарот во Трубарево