Утрински Весник
Македонија

12 лица од Кочани уапсени затоа што нелегално играле комар

Polici A.jpg

Денеска (04.09.2024) во 02.00 часот, по претходна наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани извршиле претрес во помошна просторија од куќа во Кочани и поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар” по член 398 од Кривичниот законик, од слобода биле лишени С.А.(35), А.К.(32), И.М.(44), М.П.(33), Д.Д.(30), К.З.(36), З.М.(43), М.П.(35), П.Е.(28), В.Д.(37), О.В.(46) и Г.С.(34), сите од Кочани.

При извршениот претрес биле пронајдени и одземени пари, мобилни телефони и чипови. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Д-р Даниловски за Западнонилската треска: Осум тешки случаи се откриени, но не знаеме колку луѓе се заразиле 

Пациент со западно-нилска треска во критична состојба – заразен од комарец во Скопје

Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, МВР го регулира сообраќајот