Утрински Весник
Свет

Путин го очекува Вучиќ на следниот форум на БРИКС во Казан

Vucic I Putin U Pekingu.jpg

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средба со српскиот вицепремиер Александар Вулин на маргините на Источниот економски форум во Владивосток изјави дека го очекува српскиот претседател Александар Вучиќ на форумот на БРИКС во Казан.

Вулин му ги пренел поздравите на претседателот Вучиќ на Путин со желба да остане силен и здрав, пренесува руска новинска агенција. Путин упати поздрав и до Вучиќ и изрази надеж дека наесен ќе дојде во Казан и ќе учествува во настаните на маргините на самитот на БРИКС.

Рускиот претседател изрази и надеж дека потпретседателот на српската влада ќе ги оцени можностите за соработка со рускиот Далечен Исток, но истакна и дека има благ пад на билатералната трговија меѓу Русија и Србија, нагласувајќи дека тоа е неопходно е да се разберат причините за ова.

„Веројатно, дојде време да се состане меѓувладината комисија, која не се состануваше долго време, најмалку две години“, рече рускиот претседател.

Тој потсети дека Русија игра значајна улога во снабдувањето на Србија со енергија навреме и под многу добри услови.

„Ќе разговараме и за тоа, има конкретни работи што треба да се решат, мислам дека нашите договори за снабдување со гас истекуваат во март 2025 година“, додаде рускиот лидер.

Источниот економски форум се одржува до 6 септември во кампусот на Федералниот универзитет на Далечниот Исток во Владивосток.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење