Утрински Весник
Магазин

Ниту со водата не смеете да претерувате: Поголема количина од оваа е штетна за вас

Voda 1.jpg

Пиењето големи количества вода може да биде опасно за здравјето, предупрeдуваат лекарите.

Според нив, бубрезите може да преработат околу 800-1000 милилитри вода во еден час. Ако тоа количество биде надминато тогаш се нарушува натриумовиот баланс во организмот.

Претераното пиење на вода ја отежнува циркулацијата на крвта што може да предизвика оштетување на функциите на мозокот и други тешки последици.

Освен тоа, преголема хидратација може да биде опасна како и недостигот од вода, а бубрежно болните се најпогодени.

Возрасните не треба да пијат повеќе од 3-4 литри вода дневно, советуваат лекарите.

Можете да прочитате

Над 1,2 милијарди луѓе го користат „Чет-ГПТ“ неделно

Студија: Дивите животни имаат клучна улога во регулирањето на климатските промени

Викенд што долго ќе се прераскажува: Повеќе од 60 жени беа дел од настанот „dm bring your best friend” во Маврово