Утрински Весник
Македонија

Одлука на Влада: Именувани неколку нови директори, Боцевски назначен за специјален претставник на Владата при унгарското претседателство со ЕУ

Vlada 183439.jpg

Владата на денешната седница ги донесе следните кадровски решенија:

Ивица Боцевски е именуван за специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија.

Јетон Сума е именуван за директор на Службата за просторен и информативен систем.

Пеце Стојковски е именуван за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.

Ерол Абдиу е именуван за вршител на должноста заменик директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.

Блерим Сулејмани е именуван за вршител на должноста заменик директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Кашмир Салиу е именуван за вршител на должноста заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Фикрет Шабани е именуван за вршител на должноста директор на Управа за електронско здравство.

Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, Република Бугарија.

Африм Идризи на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик директор на КПД Затвор Скопје.

Билјана Стефаноска е именувана за вршител на должноста директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, се вели во соопштението на Владата.

Можете да прочитате

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова