Утрински Весник
Македонија

Починале двајца затвореници во Идризово

Idrizovo.jpg

Рано утрово во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје било пријавено дека во затворот починал осуденикот А.О. (58) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.

Вчера во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во влошена здравствена состојба бил донесен П.С. (67) од Скопје, осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Идризово.

Според пријавеното, околу 14 часот во затворот му се слошило, по што со возило на затворска полиција бил пренесен во „Мајка Тереза“, каде што во 15.25 часот лекар констатирал смрт. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

ВЛЕН: ДУИ две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеност

Изведени видеозаписи со времето на пристигнување на полициските службеници пред дискотеката „Пулс“ и активацијата на пиротехниката

Уапсени 11 лица на територијата на цела држава фатени со дрога