Утрински Весник
Магазин

Панчо – ДНК распали по Милевски: „Во тешки моменти се гледа кој е човек, а кој ти е душман и само од интерес“

Ccb546a1 446d 4861 84db Dc3e404e5a63.jpeg

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за новиот циклус од „Лигата на нации“, каде што првите два натпревари ги очекуваат против Фарски Острови и Ерменија. Првиот меч е закажан веќе за оваа сабота, а селекторот Благоја Милевски го објави списокот на играчи со кои ќе се обиде да постигне подобри резултати од претходните циклуси.

Иако селекторот Милевски го доби новиот мандат, неговиот начин на водење на репрезентацијата останува предмет на критики и контроверзии. Имено, Милевски не повика некои од поискусните играчи, како екс капитенот Стефан Ристовски, Илија Несторовски, и Бобан Николов, кои со своето искуство би можеле да придонесат за подобри резултати. Ваквиот потег предизвика реакции, особено во споредба со хрватскиот селектор Златко Далиќ, кој го повика Иван Перишиќ во репрезентацијата, и покрај неговата моментална форма и отсуството на клуб.

Реакциите не изостанаа, особено од страна на Владимир Блажев, познат како Панчо од ДНК, кој на социјалните мрежи остро го критикуваше селекторот Милевски. „Замислете и ние да имавме селектор со вакви сфаќања? Брзо се заборава кој што правел и колку придонесувал. Лесно се откажуваме од играчи кои со своето искуство се’ уште можат многу да придонесат за нашата репрезентација и да дадат злато вредни совети на младите фудбалери, макар седеле и на клупа! Во тешки моменти се гледа кој е човек, а кој ти е душман и само од интерес“ – напиша Панчо, правејќи паралела со потегот на хрватскиот селектор Далиќ со нивната фудбалска легенда Перишиќ.

Дали ова ќе биде последната шанса за Милевски да ги докаже своите способности, останува да видиме во претстојните натпревари.

Можете да прочитате

Народни верувања за Млада месечина: Што да направите вечерва за да ви се исполнат желбите

Денеска е млада месечина во Девица: 3 хороскопски знаци вртат нов лист во животот

Ниту со водата не смеете да претерувате: Поголема количина од оваа е штетна за вас