Утрински Весник
Македонија

Митева до СДСМ: Опседнатоста со Мицкоски се гледа преку денешната седница каде користите политичка интерпелација како основ да зборувате за премиерот

Mari A Miteva.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавнот на ВМРО-ДПМНЕ:

На денешната седница во собранието на Македонија се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која што истакна дека СДС нема никаков напредок и се опседнати со Мицкоски а денешната интерпелација е гола политика што сакаат да ја продадат на македонската јавност.

„Колега Талевски имам две работи што сакам да ви ги кажам после вашиот говор, првата е дека преку вашиот говор јавноста може да види каква е тажната реалност во СДС, колку ви се тажни и стари тезите и колку немате напредок на ниедно поле и втората работа дека толку многу не можете да ја поправите таа расипана плоча што едноставно во говорот ако пребројав на секоја страница го спомнувате Мицкоски а вкупно го спомнувате 12 пати. Пребројте си да видите колку сте опседнати со Христијан Мицксоки. И колку не станува збор за никаква интерпелација туку станува збор за гола политика која што сакате да ја продадете на македонската јавност” кажа Митева и додаде:

„Неколку пати кажавте што сме ветиле што сме оствариле, јас ќе ви набројам. Ветивме дека ќе заминете во опозиција со ДУИ заминавте. Ветивме дека се што направивте и ја ограбивте Македонија ќе вратиме, 3000 вработени ги оставивте без плата реализиравме и имаат пари да однесат дома нивните семејства леб да јадат. Ветивме повисоки пензии за 5000 денари остваривме. Ги оставивте луѓето без законска обврска за К-15, остваруваме ќе биде реализирано” нагласи Митева.

Митева додаде и дека СДС без срам ја ограби државата.

„А што направивте вие ја ограбите државата и жалам што вашата колешка Бисера Антоанета Костадиновска Стојчева не е тука да ја прашате како се трошат службени картици за куфери ручеци хулахопки и плишени мечиња. Засрамете се и треба да имате образ и ова да не го правите” нагласи Митева.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!